Marjan Janevski
AFIAP, KMF FSM
North Macedonia
He exhibited his works all around Yugoslavia and abroad, promoting himself, his club and Macedonian photography. He is very careful and creative using light and the camera. He is not chasing after the moment. His photographs come into being within himself, and the light and the camera are mere tools helping him materialize inner feelings. He is a very versatile author, choosing different motives; however, female beauty is a recurring theme since it is something he can never resist. His photographs are special because of the form, light, color, the emotion.
He has exhibited his photos in two solo exhibitions, one of them being thematic ‘In Concert’, at a time when he was an active member of the Photo Association of Macedonia and Photo Cinema Club ‘Kozjak’. He has won many awards and certificates. In 2005, he received the Candidate master title awarded by the Photo Association of Macedonia, followed by the Artist of FIAP award. He is a jury member of several national and international exhibitions of fine-art photography.
His greatest wish to organize an international exhibition in Kumanovo came true after he became the president of Photo Cinema Club ‘Kozjak’ creating the brand name ‘Photo Salon Kumanovo’, functioning to this day. Photography is still his greatest love. From time to time, he gets modern and progressive ideas. He is an honorary member of Photo Cinema Club ‘Kozjak’ and Photo Club ‘Kumanovo.
Марјан Јаневски (роден 1963 г.) КМ ФСМ, AFIAP, е исклучителен автор во македонската фотографија, со оригинален пристап и истенчен вкус за естетиката што само по себе го прави посебен. На фотографската сцена се појавува 1983 година како член на Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово.
Излагајќи ги своите фотографии низ тогашна Југославија, но и надвор од неа, се афирмира себе си, својот клуб и македонската фотографија. Кога фотографира внимателно и креативно ја користи светлината и фотоапаратот, тој не го лови моментот туку заробениот миг е созреана последица, а неговото клик е излив на емоција. Фотографиите настануваат во него, а светлината и фотоапаратот се само средство со чијашто помош ја материјализира внатрешната емоција. Kако автор е разноврсен во избор на мотивот, но сепак убавината на жената е предизвик на кој не може да му одолее. Таа е неговата постојана тема. Неговите фотографии ги красат посебноста, импресијата, мигот, формата, светлината, бојата, донесената и пренесената емоција.
Неговите фотографии ги има претставено и на две самостојни изложби од кои едната е тематска „In Koncert“. Во тоа време активно учествува во работата на Фото Сојуз на Македонија и Фото-кино клуб „Козјак“. Добитник е на повеќе награди и признанија, а 2005 година е прогласен за кандидат-мајстор на фотографија на Фото Сојуз на Македонија. Неколку години подоцна во Париз е прогласен за артист на фотографија (АFIAP) од Интернационалната фотографска асоцијација. Како напреден и афирмиран автор учествува во жири-комисија на повеќе домашни и на интернационални изложби на уметничка фотографија.
Животната желба, во Куманово да се организира меѓународна изложба на фотографии, ја реализира како претседател на Фото-кино клуб „Козјак“ создавајќи го брендот „Фото Салон Куманово“ кој успешно опстојува и денес. Фотографијата до денес остана негова љубов, па и сега знае да изненади со современи и напредни идеи. Почесен член е на Фото-кино клуб „Козјак“ и Фото клуб „Куманово“.